Дома Фудбал Останато Дани Алвес – најтрофејниот фудбалер во историјата!

Дани Алвес – најтрофејниот фудбалер во историјата!

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес после победата на ПСЖ во финалето на францускиот клуб испиша страница од фудбалската историја.

Имено, Алвес учествуваше во победата на ПСЖ над Монако од 3:0 во финалето на Лига купот во Франција и тоа за Бразилецот беше 36 трофеј во кариерата со што ги надмина Рајан Гигс и Кени Даглиш. Легендите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаат по 35 освоени трофеи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алвеш дури 23 трофеи освои со Барселона, пет со Севиља, два со Јувентус и четири со репрезентацијата на Бразил.

Шест пати ја освојуваше Ла Лига, по пет пати се радуваше во Супекупот на Шпанија и шпанскиот куп, четири пати во Суперкупот на Европа, три пати во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, два пати во УЕФА Купот и Купот на конфедеранциите…

Со оглед дека ПСЖ е на чекор од титулата во француското првенство наскоро Алвеш ќе дојде и до 37 трофеј во кариерата.

Иначе помеѓу играчите со најмногу освоени трофеи покрај Даглиш и Гигс се уште Виктор Баиа (33), Ваел Гом (32), Златан Ибрахимовиќ (32), Андрес Иниеста, Пике и Меси исто така имаат повеќе од 30, Пеле 29, Чави 28…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…