Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дани Алвеш: Мбапе мора да разбере дека Меси и Нејмар се поголеми феномени од него

Дани Алвеш: Мбапе мора да разбере дека Меси и Нејмар се поголеми феномени од него

Ветеранот Дани Алвеш е највозрасниот фудбалер на Бразил кој бил повикан на еден Мундијал.

Тој во својата богата кариера имаше можност да игра со најдобрите фудбалери во светот, а долго време ја делеше соблекувалната со Меси и Нејмар.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Двајцата моментално играат во ПСЖ заедно со Мбапе, па Дани Алвеш го „пецна“ Французинот.

„Мбапе е феномен кој уште не разбрал дека тие што играат со него во напад се поголеми феномени од него. Нејмар и Меси се уникатни: тие гледаат и прават работи што никој не ги гледа или не може да ги направи. Голем играч мора секогаш да знае и да разбере со кого игра, соиграчите ги збогатуваат твоите квалитети“, изјави Алвеш.

„Мислев дека сум добар со топката, но кога играв со Лео, му ја давав топката. Истото со Нејмар. Ако Мбапе им ја дадеше топката на Меси и Нејмар, ќе постигнуваше 150 гола по сезона“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фонсека им даде интересно ветување на новинарите🎥

Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампио…