Дома Фудбал Дани Алвес: Барселона го загуби идентитетот

Дани Алвес: Барселона го загуби идентитетот

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес, кој долги години го носеше дресот на Барселона, зборуваше за својот поранешен клуб.

Алвес денес е член на бразилскиот Сао Паоло, а после Барселона играше уште и за Јувентус и ПСЖ. Од неговото заминување ситуацијата во Барселона е променета, лошото работење на клубот кулминираше минатата сезона во која клубот не освои ниту еден трофеј.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Барслеона ја менува својата филозофија, нормално е дека тоа носи проблеми. Мислам дека го изгубија препознатливиот идентитет, сега минуваат низ тежок процес во обид да го вратат. Поразите од Ливерпул и Баерн болат, но тави работи се случуваат во фудбалот. Од такви порази се учи. Барселона во моментов личи на клуб кој продава и купува, со тоа го губи идентитетот. Никогаш немаа храброст да ги признаат грешките“, изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разделбата со Ориги и ослободувањето на Милан од едно кошмарно лето

Со заемното раскинување на договорот, потпишано од Дивок Ориги, конечнo исчезнува од сцена…