Изгледа дека во текот на летото погрешија што не ја прифатија понудата…
Алекс Сандро е непрепознатлив оваа сезона. Имено, левиот бек на Јувентус игра навистина очајно и навивачите сметаат дека Асамоа во овој момент е подобро решение и дека можеби „старата дама“ треба да размислува за негова продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, тешко дека сега можат да го добијат она што го одбија минатото лето, а тоа се 70 милиони евра од Челзи.
Наводно, тогаш Бразилецот веќе постигнал договор со „сините“ за плата од шест милиони евра по сезона, но Јуве го стопирал трансферот и му вети на Сандро дека ќе добие нов договор.
Од тоа во овој момент нема ништо, формата на Сандро е таква што тој е непрепознатлив и изгледа дека целосно ја изгуби самодовербата.
Секако, Јуве нема да го пушти во јануари. Кога во прашање се заинтересираните тука е Мурињо и Манчестер Јунајтед, додека Јувентус наводно замена за Сандро гледа во Спинацола кој би се вратил на позајмица од Аталната.