Една од целите на Јувентус за следната сезона е да заштеди на платите на играчите, па затоа клубот би можел да го напушти Алекс Сандро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека 30 годишниот Бразилец би можел да се пресели во Челзи. Томас Тухел се обидуваше да го дсоведе Сандро и додека беше тренер на ПСЖ, но тогаш францускиот и италијанскиот клуб не постигнаа договор.
Сега Сандро би можел да се пресели во Челзи, а кон Торино да тргне Емерсон Палмери.
Челзи Палмери го доведе пред три години од Рома, па така играњето во Серија А не му е непознато.