Се уште трае истрагата дали првотимецот на Звезда Гуелор Канга ги лажирал личните информации.
Оваа афера стигна од Габон, а наодно ја откриле афричките медиуми кои многу пишуваат за овој случај. Како што истакнуваат по доаѓањето во Габон тој го променил идентиетот, а во јасност се појави информација дека тој не е роден во 1990 година, туку во 1985 и дека се вика Киаку Кијанга. Роден во ДР Конго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Канга по доаѓањето во еден второлигаш од Габон го променил идентитетот за да не го зима местото за странец во екипата, на такво нешто го убедил тренерот на екипата.
Српските медиуми пренесуваат дека Канга поради целата ситуација одлучил својот татко да го доведе во Србија. Станува збор пред се за безбедносни причини, а постои можност да дојде и до истрага за целиот случај. Поради оваа афера Габон би можел да биде исфрлен од Купот на афричките нации.
#RDC Guelor Kanga : son père, Willy Kanga Masamuna, signalé en Serbie après une présumée fuite organisée !@AubaFanz @fecofa_kinshasa @fegafoot_gabon @BZahinda @CAF_Media https://t.co/IW1BE34SCF
— AfricaNews Médias Rdc (@AfricanewsJ) May 6, 2021