Дома Фудбал Останато После веста за лажниот идентитет на Канга Црвена Звезда се огласи со соопштение

После веста за лажниот идентитет на Канга Црвена Звезда се огласи со соопштение

Откако се појави скандало со можното лажирање на идентитетот и годините од страна на играчот на Звезда, Гелор Канга клубот се огласи со официјално соопштение.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Обвинувањата за Канга доаѓаат од ДР Конго каде што тој е роден и тие гласат: „Гелор Канга се вика Кијаку-Кијаку Кианга и нема 30, туку 35 години!“.

„Се огласуваме по повод информацијата која пристигна од Африка во врска со годините на нашиот фудбалер Гелор Канга. Канга има важечки пасош на Габон и регулиран престој во Франција. Го регулираше својот статус во Русија и Чешка со истата падна исправа и никаде немал проблем. Ова го доживуваме како војна на два сојузи на Африка поради пласманот во Купот на Нации. Се надеваме дека се ќе се реши многу брзо во корист на Канга, ние во целост му веруваме“, стои во соопштениот на српскиот клуб.

Информациите се објавени со цел да се исфрли Габон од Африканскиот Куп на Нации. Во случај Габон да биде исфрлен тогаш селекцијата на ДР Конго ќе дојде на тоа место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aрбелоа емотивно се збогуваше со Реал: Сигурно нема да сум дел од тимот на Мурињо!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа медиумска конференција пред последниот натп…