Дома Фудбал Останато Дали повредата на Нејмар ќе го остави без работа Емери?

Дали повредата на Нејмар ќе го остави без работа Емери?

Поради повредата, Бразилецот Нејмар ќе паузира сигурно еден, а можеби и два месеци што значително ги намалува шансите Парижаните да се прослават во Лигата на шампионите.

Бидејќи прашањето за шампионот во Фрнација е решено, ПСЖ има приоритет во ЛШ, а јасно е дека без Нејмар ќе биде тешко да се надокнади разликата од првиот меч, во кој Реал славеше со 3:1.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дури и ако ПСЖ мине, веројатно во следната фаза би можел да биде елиминиран поради тоа што ќе недостатува Бразилецот на теренот, што не му одговара на никого во клубот, а најмалку на Унаи Емери.

Емери изминатата сезона беше на „тенок лед“ по неверојатната елиминација од Барселона, меѓутоа му е укажана доверба по што соработката беше продолжена. Шпанскиот стратег, со челниците на ПСЖ има устмен договор, па оваа сезона мора да стигне најмалку до полуфиналето во ЛШ, инаку ќе дојде до разидување.

Ставот на целокупната фудбалска јавност е дека ваков ПСЖ и со многу полош тренер од Емери може лесно да ја освои Лига 1, но за европски подвиг потребен е некој друг. ПСЖ има страшен тим. но тренерот веројатно е најслабата алка на клубот, па останува да се види дали Нејмар индиректно ќе биде виновникот за смена на клупата на богатиот француски клубв. Ако ја преживеа изминатата сезона, оваа ќе биде тешко…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…