Ако може да им се верува на шпанските таблоиди, Малума (22) е причината поради која Пике ѝ приредувал љубоморни сцени на Шакира, поради кои пејачката и фудбалерот на Барселона на крајот одлучиле да се разделат.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако Шакира пред неколку дена го објави спотот за песната „Chantaje” која ја снимила со Малума, се појавија гласини дека токму младиот колумбиски пејач е виновникот за наводната разделба помеѓу популарната пејачка и Жерар Пике, кои шест години живеат во вонбрачна заедница.
Она што е сигурно, освен фактот дека Шакира и Малума ги поврзува тоа што потекнуваат од иста земја, е и дека младиот пејач веќе е голема ѕвезда и многумина го сметаат за еден од најатрактивните мажи.