Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.
Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а најсериозен интерес за него покажуваат италијанските клубови.
Сега откако Мурињо е назначен за нов менаџер на Тотенхем, медиумите на Островот тврдат дека Србинот може да го следи својот „ментор“. Познато е дека двајцата имаат посебен однос – Португалециот го донесе Матиќ во Челзи, а потоа и на „Олд Трафорд“.
Мурињо може да ја искористи ситуацијата со незадоволството на Матиќ по Манчестер Јунајтед и да го донесе во Тотенхем.