Дома Фудбал Дали има место за паника? Реал замина на припреми без Роналдо

Дали има место за паника? Реал замина на припреми без Роналдо

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид откапува на припреми во САД, а интересно е дека во авионот ја немаше првата ѕвезда на тимот, Кристиано Роналдо.

Веќе долго време се шпекулира дека Роналдо би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето, а фактот што Португалецот не отпатува на припреми, додатно ги разгоре шпекулациите во Шпанија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вистина е дека Роналдо доби подолг одмор од страна на тренерот и раководството, но сепак се очекуваше да настапи на Интернационалниот куп на шампиони.

Зидан во Лос Анџелес отпатува со 26 фудбалери, кои ќе имаат тешки контролни натпревари за време на припремите пред стартот на сезоната.

Противници на „кралевите“ во САД ќе бидат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, МЛС ол-стар тимот и најголемиот ривал Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик по паузата го очекуваат две одлични вести

Фудбалерите на Барселона пред да заминат на ноемвриската пауза успеаја да му се приближат …