Од неделата во фудбалскиот свет најмногу се зборува новата Суперлига во која учеството го потврдија 12 клуба.
УЕФА е голем противник и веќе најави жестоки санкции за клубовите кои ќе учествуваат. Главната причина поради која богатите клубови се решија да ја формираат оваа Суперлига се парите, со играњето во оваа лига тие ќе добиваат многу повеќе отколку од европските натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа според последните информации УЕФА е спремна да го возврати ударот со заем од шест милијардо евра.
Голем дел од медиумите објавија дека УЕФА земала заем од шест милијарди евра од „Центрус Асет Менаџмет“ инвестициската банка.
„Неколку месеци „Центрикус Асет Менаџмент“ преговара со УЕФА за финансирањето. Инвестициската компанија разговараше за почетен пакет од околу 4.2 милијарди евра, но по формирањето на Суперлигата пакетот е зголемент на шест милијарди евра“, стои во објавата.
Меѓутоа тешко е да се верува дека нешто може да се промени, Перез во вчерашното интервју за најголемата шпанска телевизија посочи дека клубовите имаат потпишани договори, а пеналите за неисполнување на условите се големи.