Во изминатиов час се пласираше информација која говори дека долгата трансфер сага се чини го гледа својот крај, со оглед на тоа дека според последните информации Кутињо ќе премине на „Камп Ноу“ за 160 милиони евра.
По неколкумесечната дилема, во финишот на преодниот рок, постојано се пласираат информации околу најголемата трансфер сага ова лето, а последните извештаи велат дека Ливерпул конечно нашол заеднички јазик со Барса, па Бразилецот ќе се пресели за 160 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, она што исто така стои дополнително во информацијата, е барањето на „Црвените“, Барса да го премолчи овој трансфер се додека тимот на Јирген Клоп не најде замена за најдобриот играч во составот.
Исто така врзано за ова, се очекува Лемар да биде наследникот на Филипе Кутињо, а да се инвестира и во Вирџил Ван Дајк, кој исто така летово е еден од најпосакуваните играчи на трансфер пазарот.