Дома Фудбал Англија Дали Венгер е веќе бивши? Обложувалниците почнаа да ги исплаќаат облозите!

Дали Венгер е веќе бивши? Обложувалниците почнаа да ги исплаќаат облозите!

Обложувалниците на Островот веќе почнаа да ги исплаќаат облозите дека Арсен Венгер ќе биде следниот менаџер од Премиер лигата кој ќе добие отказ.

Арсен Венгер е на удар на големи критики од навивачите и британската јавност поради лошите резултати на „топџиите“ оваа сезона.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Притисокот врз францускиот стратег додатно се зголеми после поразот од Брајтон, кој беше четврт по ред за тимот на Венгер.

Обложувалниците веќе почнаа да исплаќаат за сите кои се обложиле дека Венгер ќе биде следниот менаџер кој ќе добие отказ од Премиер лигата.

Имено, обложувалницата „Paddy Power“ денес ги исплати сите облози кои биле уплатени до 9:30 утринава.

Обложувалниците се секогаш адекватен индикатор….дали ова значи дека Венгер е веќе бивши?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Англиски навивач снимен као се дpoгира на стадион?! 🎥

Шокантна снима од англиски навивач на трибините во вчерашниот натпревар против Словачка се…