Дома Фудбал Останато Далиќ ја откри тактиката која ја користеше против Меси во Русија

Далиќ ја откри тактиката која ја користеше против Меси во Русија

Фудбалерите на Хрватска зад себе имаат одлично Светско првенство во Русија на кое меѓу останатото ја победија Аргентина во групната фаза со големи 3:0.

Тоа беше еден од неколкуте натпревари во кариерата на Меси на кое делуваше немоќно, а најмногу за тоа е „виновна“ одличната тактика на селекторот на Хрватска, Златко Далиќ. Тој во разговор за странските медиуми објасни како неговите играчи тој ден го чуваа Меси.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„За мене Меси е најдобар играч во светот и тој тоа го покажува од недела во недела. Него му е многу потешко да игра за Аргентина отколку за Барелона и ние ги искористивме тие недостатоци кои ги забележав во играта на Аргентина. Клучната работа беше да бидеме дисциплинирани и да го следиме нашиот план на игра. Нашите играчи го изработија тоа.“, изјави Далиќ, па додаде:

„Се обидовме Меси да прими помалку топки и да го оддалечиме од местото каде што сака да ја добие топката. Сепак, фудбалот е тимски спорт и ако една екипа е подобра од другата, тешко е еден индивидуалец да ги сврти работите. Хрватска едноставно тој ден беше подобра од Аргентина“, заклучи Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…