Давид Виља кон крајот на минатата година соопшти дека ја завршува својата играчка кариера во која со клубовите во кои настапуваше и репрезентацијата на Шпанија освои се што можеше да се освои.
Виља сигурно е еден од најдобрите шпански напаѓачи во овој век и може да се каже дека имаше голема кариера. Се прослави со настапите за Валенсија, а потоа направи полн погодок кога во 2010 година се пресели во Барселона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со Каталонците освои се што можеше да се освои и сигурно ќе оставеше и поголема трага ако во декември 2011 не ја добиеше тешката повреда. Со репрезентацијата на Шпанија се искачи на тронот на Европа и светот и во репрезентативниот дрес постигна дури 59 голови.
Виља во интервју за шпанските медиуми се потсети на летото 2010 година кое сигурно засекогаш ќе го памети. Тогаш со Шпанија стана светски шампион, а неколку недели претходно беше потврдено дека оди во Барселона.
Во тоа време се шпекулираше и дека ќе потпише за Реал Мадрид.
„Заминувањето во Реал Мадрид, едноставно не се оствари. Имав понуди од Шпанија и Англија, но јас сакав да ја почитувам Валенсија и да слушнам што тие сакаат да кажат. Дојде и таа понуда од Реал, клубовите се договорија, но мене тоа едноставно не ме привлекуваше. Набрзо потоа се јави Барселона со конкретна понуда која ми одговараше на мене и клубот и тогаш повеќе немаше дилеми“, раскажа Виља.