Репрезентативецот на Македонија, Давид Бабунски се збогуваше со унгарскиот прволигаш Дебрецин.




После промената на раководството и тренерот во Дебрецин Давид падна во втор план и му беше јасно дека новите лица не сметаат на него. Поради тоа тој се одлучи да го раскине договорот.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Преку социјалните мрежи се збогуваше со навивачите и клубот.




„Време е да се оди напред. Беше одлично искуство да се биде дел од овој клуб. Благодарам до Дебрецин и до навивачите за вашата поддршка. Ви посакувам се најдобро во иднина“, гласи пораката на македонскиот фудбалер.