Лука Дончиќ со новиот одличен натпревар потврди дека е најдобриот новајлија во најсилната лига во светот.
Во победата на Далас над Атланта (114:107) постигна 24 поени, имаше 10 скокови и шест асистенции, како и една блокада.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Дончиќ ова беше втор натпревар во кој оствари дабл-дабл. Словенецот беше одличен од линијата на слободни фрлања и постигна 12/15, додека од игра беше прилично непрецизен со шут 5/14.
Но, тоа не е толку важно затоа што Дончиќ 13-ти пат од сезоната постигнува најмалку 20 поени. По тоа е најдобар од сите „руки“, бидејќи на ниту еден од останатите играчи на кои ова им е прва сезоната во НБА не и успеало повеќе од осум пати.
https://www.youtube.com/watch?v=rhcrCGFHElw