Дома Трансфер зона Гужва во канцелариите на Милан: Малдини на состанок со тројца агенти (видео)

Гужва во канцелариите на Милан: Малдини на состанок со тројца агенти (видео)

Милан ова лето ќе направи голема реконструкција на тимот и веќе работи на новите засилувања.

Тренерот Џампаоло ќе направи комплетна реконструкција на срединиот ред, каде веќе заминаа Монтоливо, Бертолачи, Маури и Бакајоко.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Денес на прегледи пристигна Раде Круниќ кој ќе биде прво засилување за „росонерите“, но Босанецот пристигнува како алтернатива повеќе во средниот ред.

Италијанските медиуми тврдат дека Милан ќе донесе уште тројца играчи за врска ова лето, а Малдини веќе работи на новите засилувања.

Вчера имаше состанок со Марио Гуфреди, кој е агент на Верето. Милан е во пол-позиција за плејмејкерот на Фиорентина и веќе понудил 20 милиони евра.

Денес во канцелариите на „Каса Милан“ пристигнаа агентите на Стефано Сенси од Сасуоло и Амаду Дијавара од Наполи.

Милан е заинтесиран за двајцата фудбалери. Сенси е приоритет и „росонерите“ веќе имаат договор со италијанскиот репрезентативец, па се во завршни преговори со Сасуоло, а трансферот треба да „тежи“ помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Што се однесува до Дијавара минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Анчелоти и сака да ја промени средината, па Милан е спремен да ја искористи ситуацијата и да го донесе на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…