Дома Фудбал Останато Грчки фудбалер го победи Меси во трката за прв индивидуален трофеј во САД

Грчки фудбалер го победи Меси во трката за прв индивидуален трофеј во САД

Рекордерот по бројот на освоени „Златни топки“, Лионел Меси не успеа да биде најдобар дебитант во МЛС лигата и ова признание заврши во рацете на Јоргос Јакумакис.

Првотимецот на Атланта во најсилната лига во САД постигна 17 гола и собра 45.78% од гласовите, Меси заврши на второто место со 27.28%, додека Едуард Левен од Сент Луис собра 15.44% од гласовите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меси во конкуренција за наградата влезе со само шест одиграни натпревари за Интер Мајами, додека Гркот запиша 28, а Левен дури 30.

Наградата најдобар дебитант се доделува врз основа на гласовите на тренерите, играчите и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зиркзе избра каде ќе игра од јануари

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џошуа Зиркзе, одлучи да се врати во Серија А во јануари. …