Денес сениорската репрезентација на Македонија од 18:00 часот на гости во Тблиси ќе го игра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Нации.
Пред овој натпревар на грузискиот портал „Попспорт“ се појави анализа за денешниот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден дел тие потенцираат дека ние сме добра репрезентација на домашен терен, но дека слабо играме на гости, дури и со послаби репрезентации. Тука тие ја гледаат нивната шанса.
Како наша најсилна страна го истакнуваат средниот ред, ги споменуваат имињата на: Елмас, Барди, Алиоски и во нападот Пандев, Несторовски и Трајковски. Очигледно сметаат дека сме добри во офанзива, а послаби во одбраната.
Кога е нивната репрезентација во прашање тие очекуваат стартниот состав да им биде скоро ист како и во претходниот натпревар против Естонија. Во тој натпревар играа со:
Лориа, Кочолава, Квириквелија, Кваратшела, Какабаџе, Квеквешкири, Канкава, Окриашвили, Чатветаџе, Џигаури, Качарава.
Денешниот натпревар е прв меѓусебен помеѓу Македонија и Грузија.