Meдимуте во Англија пренесуваат дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш летово би можел да замине бидејќи е незадоволен од скромната минутажа.
Во медиумите по завршувањето на сезоната се шпекулираше дека Едерсон поради несогласувања со Гвардиола може да ја промени средината (ТУКА), а сега се појавија и најави за ваква ситуација со Грилиш.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, 28-годишниот фудбалер веќе го известил Гвардиола дека не сака да седи на клупата и сака да игра повеќе.
Како клуб кој е заинтересиран за неговите услуги се појавил Баерн Минхен. Во Баерн се најавуваат многу промени, а Грилиж би можел да биде еден од оние кои ќе донесат „свежа крв“.
Уште во нарењдната сезона во Баерн ќе се обидат да ја вратат титулата во Германија која сезонава ја освои Леверкузен и за тоа сигурно ќе им бидат потребни нови имиња.