Антоан Гризман, во 2018 година се најде во најтесниот круг во изборот за Златната топка и заврши на третото место позади Лука Модриќ и Кристиано Роналдо.
Гризман смета дека тој требало да ја освои наградата затоа што со Франција триумфираше на Светското првенство во Русија, а претходно со Атлетико ја освои и Лигата Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Модриќ и Роналдо таа сезона ја освоија Лигата на шампионите, во домашниот шампионат немаа успех со Реал. На репрезентативен план, Модирќ со Хрватска дојде до финалето на Светското првенство во Русија, а Роналдо со Португалија испадна во четвртфинаето.
„Да, ја заслужив Златната топка пред пет години“, истакна Гризман, кој по неуспешната епизода во Барселона повторно се врати во Атлетико.