Дома Топ вести Гризман со оваа изјава ги ШОКИРА сите и ја најави следната дестинација

Гризман со оваа изјава ги ШОКИРА сите и ја најави следната дестинација

Иднината на Антоан Гризман е главна тема во спортските медиуми веќе подолго време, особено поради фактот што Французинот готово сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната.

Гризман во изминатиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, но остана во клубот откако „јорганџиите“ поради суспензијата од ФИФА не беа во можност да донесат замена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Напаѓачот лошо ја почна клупската сезона, во сите натпреварувања има постигнато само три гола, што дополнително ги подгрева шпекулациите за некакво незадоволство и можно заминување од клубот.

Во последно време неговото име се поврзува со Манчестер Јунајтед и Барселона, но Гризман сега ја отвори вратата од уште еден клуб.

На прашање од државната француска телевизија дали би сакал да игра заедно со Мбапе и Нејмар тој одговори:

„Се разбира, тоа би било фантастично“, потврди Гризман.

Французинот во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, сума која за споменатите клубови воопшто нема да претставува проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…