Дома Фудбал Останато Гризман: Сонувам да ја освојам Златната топка

Гризман: Сонувам да ја освојам Златната топка

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман во разговор за „АС“ изјави дека сонува еден ден да ја освои Златната топка.

„Не се плашам да ја кажам вистината. Цел живот сонувам да ја освојам Златната топка, но сонувам се… како на пример дека еден ден ќе имам три деца. Соништата се важни, тие секојдневно не инспирираат да бидеме подобри и да работиме на себе за да ги постигнеме своите цели“, изјави Гризман.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Гризман, кој оваа година со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство со што постигна четири гола, смета дека има шансе на 3. декември да ја освои престижната награда.

„На лично ниво Златната топка е највисоко можно признание кое можете да го добиете. Меѓутоа, јас сум играч кој смета дека колективната игра е над индивидуалната и дека се важни успесите кои ќе ги направите со екипата за која играте. Сепак, таа награда би и значело на моето семејство, кое секогаш беше со мене и доста жртвуваше за да станам она што сум денеска“, додаде Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…