Францускиот фудбалер Антоан Гризман има еден интересна констатација кога се неговите фудбалски неуспеси во прашање.
И понатаму во фудбалскиот свет се зборува за елиминацијата на Атлетико од Лигата на шампионите, иако од првиот натпревар имаа предност од 2:0. Во Торино Јувентус ги победи со 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус однесе победа на свој терен, а ѕвезда на вечерта беше Кристиано Роналдо кој ги постигна сите три гола за „старата дама“, во четвртфиналето Јувентус ќе игра против Ајакс.
Гризман сега даде една интересна изјава поврзана со Роналдо и неговите неуспеси.
„Секогаш кога ќе можам да освојам нешто се појавува Роналдо и ми го краде трофејот. Го мразам, но и го почитувам во исто време. За мене тој е најдобриот играч на сите времиња“, изјави репрезентативецот на Франција и играч на Атлетико Мадрид.
Ќе потсетиме Роналдо во претходниот период го спречи Гризман да го освои трофејот во Лигата на шампионите, два пати со Реал Мадрид. Исто така во 2016 година Гризман изгуби финале на Европското првенство против Португалија.
Изгледа Французинот баш и нема среќа кога Роналдо е на другата страна без разлика каков дрес носи на себе Португалецот.