Францускиот напаѓач Антоан Гризман дојде како големо засилување во Барселона во 2019 година.
Каталонскиот клуб за него плати дури 120 милиони евра колку што изнесуваше неговата откупна клазула, но Французинот не се снајде на „Камп Ноу“. Гризман одигра две солидни сезони, но јасно е дека од него се очекуваше повеќе. Изминатото лето се врати во Атлетико.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Бев многу среќен кога преминав во Барселона затоа што тоа го сакав. Имав фантастични соиграч ии научив многу од нив. Иако понекогаш не играв и беше тешко, но сметам дека мојот трансфер не беше кастастрофа затоа што имав скоро 20 голови по сезона. Горд сум што имав прилика да играм за Барселона“, изјави Гризман.
Францускиот напаѓач добро ја отвори сезоната во Атлетико и на 15 натпревари во сите натпреварувања успеа да постигне пет гола.