Дома Топ вести Гризман испиша историја: Го израмни рекордот на легендарниот Арагонес

Гризман испиша историја: Го израмни рекордот на легендарниот Арагонес

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман игра во одлична форма во дресот на Атлетико Мадрид и тој е еден од лидерите на тимот оваа сезона.

Гризман сега израмни и еден важен рекорд на „јорганџите“ влегувајќи во друштво на легендарниот Луис Арагонес.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Французинот против Гетафе постигна два гола со кои дојде до бројката од 173 погодоци и го израмни рекордот на легендарниот Арагонес кој постигна исто толку за мадритскиот клуб.

„За мене ова беше посебна ноќ. Ноќ која донесе многу емоции, но се трудам да сум мирен. Голема е честа да се биде во иста категорија со Арагонес, тој е еден од најславните фудбалери на сите времиња, зборуваме за човекот кој ги постави темелите на модерниот Атлетико“, изјави Гризман.

Сезонава Гризман има феноменален учинок од 16 постигнати голови и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатниот гол што ја остави Црвена Звезда без Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда сезонава нема да настапуваат во Лигата на шампионите. Шампион…