Дома Фудбал Останато Гризман ги налути навивачите на Барселона со начинот на кој го искористи одморот

Гризман ги налути навивачите на Барселона со начинот на кој го искористи одморот

Фудбалерите на Барселона денес требаше да го играат големото дерби против Реал Мадрид, но тој натпревар е одложен поради ситуацијата во Каталонија.

Ла Лига беше приморана да го одложи „Ел Класико“ кое требаше да се игра денес на „Камп Ноу“ во 13:00 часот. Двата големи шпански ривали место денес ќе играат на 18-ти декември.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради одложувањето натпреварот фудбалерите на Барселона добија одмор од неколку дена што сигурно добро ќе им дојде. Во центарот на вниманието се најде Антоан Гризман кој одлучи да отпатува нешто подалеку што не им се допадна навивачите.

Гризман во овој момент е во Њујорк каде што вчера го гледаше натпреварот помеѓу Бруклин и Њујорк Никси. На навивачите на Барселона не им се допадна и го критикуваат Гризман затоа што се одлучил да патува долку далеку во краток временски период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Гвардиола дава 50.000.000 евра за идната ѕвезда на светскиот фудбал!

Како што пренесува јужноамериканскиот портал “Netfla”, менаџерот на Манчестер сити Пеп Гва…