Дома Видео Грди и невкусни сцени: Кога фудбалот ќе се претвори во бокс меч!

Грди и невкусни сцени: Кога фудбалот ќе се претвори во бокс меч!

Натпреварот помеѓу Пењарол и Палмеирас, кој се одигра во рамките на четвртото коло во Копа Либертадорес, го одбележа општата тепачка помеѓу играчите и навивачите.

Уругвајскиот тим Пењарол по првите 45 минути имал предност од 2:0, но во вториот дел гостите од Бразил направиле целосен пресврт за 2:3.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


По пресвртот, настанала караница меѓу фудбалерите која потоа прераснала во тепачка. Најжесток бил Фелипе Мело, играчот на Палмеирас, кој е поранешен фудбалер на Фиорентина и Јувентус. Тој со тупаници го удирал играчот на Пењарол Мијеиро и тоа во моментите кога судијата означил крај на натпреварот.

Тепачката помеѓу фудбалерите продолжила и пред соблекувалните.

Насилството од теренот потоа се преселило на трибините, кога домашните навивачи почнале со разни предмети да фрлаат по навивачите на Палмеирас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…