Управата на Манчестер Сити почна преговори со менаџерот Пеп Гвардиола за продолжување на договорот кој е со важност до 2019 година.
„Граѓаните“ оваа сезона не освоија ништо, но раководството на премиерлигашот е задоволно од работата на менаџерот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Желба на управата на клубот од „Етихад“ е Гвардиола да биде под договорот уште неколку сезони, но останува да се почека одговорот од каталонскиот стратег.
Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува голем буџет за засилување во претстојниот преоден рок и дека тоа може да биде една од причините Гвардиола да се согласи на продолжување на договорот.