Дома Фудбал Останато Грандиозниот план на ПСЖ: Тренинг центар од 200 милиони евра! (видео)

Грандиозниот план на ПСЖ: Тренинг центар од 200 милиони евра! (видео)

Откако Катарецот Ал-Келаифи влезе во ПСЖ овој клуб е фаворит за освојување на сите натпреварувања, негова желба клубот од Париз да доминира во фидбалот.

На трансфер пазарот направија вистински бум кога во еден преоден рок ги купија Нејмар и Килијан Мбапе, а сега овој клуб планира изградба на скап тренинг центар во местото Поаси кое се наоѓа во околината на Париз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Планот на „светците“ во склоп на тренинг центарот е да има 17 фудбалски терени и еден мини-стадион со капацитет од 5.500 кој би бил користен од страна на младинците и женскиот тим.

Не станува збор само за фудбалот тие сакаат да изградат уште и ракомента сала, но и сала за џудо тимот на ПСЖ. За целиот проект да биде претворен во реалност Келаифи ќе мора да издвои околу 200 милиони евра.

Проектот со реализација се очекува да започне во летото 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…