Денес градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Слободан Крстевски (Блу Скај) и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар одржаа прес-конференција по повод преземањето на Вардар од страна на „Блу Скај“.
„Со задоволство можам и официјално да соопшто дека завршено е посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот сопственик на ФК Вардар. Станува збор за фирмата „Блу Скај Инвестмент“ која во целост го презема договорот со сите услови што ги има Град Скопје со поранешниот сопственик“, изјави Шилегов.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Обврската на новиот инвеститор ќе биде да го врати Вардар прво во првата Фудбалска лига, а потоа и во врвот на македонскиот фудбал.
„Благодарен сум на сите кои се ангажираа Вардар да застане на здрави нози и да функционира нормално. Со клубот имаме големи планови, можеби и поголеми од претходните сопственици. Преговараме со странски и домашни инвеститори да инвестираат кога Вардар ќе го има повторно статусот на прволигаш“, најави новиот сопственик Крстевски.