Дома Македонски спорт Мак фудбал Градскиот стадион во Кавадарци по 30 години добива нов лик! ?

Градскиот стадион во Кавадарци по 30 години добива нов лик! ?

После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие нова слика.

Фудбалската федерација на Македонија целосно ќе ги реконструира двете трибини (јужна и источна), а покрај тоа со кронва конструкција ќе биде покриена и јужната трибина. Набавени се и 2000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Видео: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…