Дома Топ вести Го шиткаат по набавна – Баерн продава Бразилец по дисконтна цена!

Го шиткаат по набавна – Баерн продава Бразилец по дисконтна цена!

Даглас Коста одигра фантастична прва сезона во Баерн Минхен, па многумина веднаш заклучија дека тој е легитимен наследник на Рибери и Робен.

Меѓутоа оваа сезона Даглас Коста е само бледа сенка на играчот кој го гледавме минатата година, па често ја грее клупата за резерви. Поради тоа Бразилецот во неколку наврати јавно истака дека не е среќен и дека сака да ја промени средината.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Германските медиуми тврдат дека Баерн нема ништо против неговото заминување и дека е спремен да го пушти за сума од 30 милиони евра, односно истата сума за која го купија од Шахтјор.

Со оглед на сумите кои денес се трошат на трансфер пазарот, оваа сума сигурно претставува „ситница“ за 26-годишниот Бразилец кој несомнено дека има врвни квалитети.

Најголем интерес во моментов покажуваат Јувентус, Тотенхем и Ливерпул, па останува да видиме кој ќе биде изборот на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…