Серија А отсекогаш била лига преполна со контроверзи, а многу често се споменуваат и наместени натпревари од страна на судиите.
Легендарниот Марко ван Бастен во разговор за АС изнесе жестоки критики на сметка на Наполи тврдејќи дека го украле Скудете освоено во 1990. година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Направија се што е можно за Наполи да ја освои титулата. Новите правила дозволуваа победникот од Купот на шампионите и шампионот да играат во Купот на шампионите. Ние го освоивме Купот на шампионите и направија се да не го освоиме првенството за да нема два претставника во најсилното европско натпреварување.“ – рече Ван Бастен и додаде:
„Имаше неверојатни скандали против Милан, Интер и Верона, додека константно судеа во корист на Наполи. Им беше подарен натпреварот против Аталанта кој го добија на зелена маса со резултат 0:2. Наполи стана првак во канцеларија.“
Наполи таа сезона заврши на првото место со 51 бод, два бода повеќе од Милан. Наполитанците до тогаш не биле прваци на Италија.