Инстаграм профилот на Антоан Гризман беше преполн со коментари и критики поради фотографијата која ја објави напаѓачот пред да оди на една забава во Мадрид.
Францускиот напаѓач се маскираше во НБА кошаркар, а телото го прекри со темна боја, па фотографијата ја постави на својот Инстаграм.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веројатно воопшто не се надеваше дека многумина од неговите следбеници ќе го осудат за расизам и дискриминација.
„Ова е непочитување. Се надевам дека твојот пројател Погба не се согласува со ова. Те молам избриши ја сликата“, беше еден од коментарите.
„Гризман ги сака кошаркарите. Тој не е расист“, гласеше еден од коментарите за поддршка.
Гризман се извини до сите кои се нашле повредени, објасни дека тоа не му било идејата, но сепак ја избриша фотографијата.
Неговиот клупски колега Саул Нигез немаше вакви проблеми – видете како тој се спреми за маскембалот.
80's party ?? pic.twitter.com/hzTibLAL2B
— Saúl Ñiguez Esclapez (@saulniguez) December 17, 2017