Дома Луд Спорт Го препознавате овој напаѓач? Се маскираше во кошаркар и беше брутално нападнат!

Го препознавате овој напаѓач? Се маскираше во кошаркар и беше брутално нападнат!

Инстаграм профилот на Антоан Гризман беше преполн со коментари и критики поради фотографијата која ја објави напаѓачот пред да оди на една забава во Мадрид.

Францускиот напаѓач се маскираше во НБА кошаркар, а телото го прекри со темна боја, па фотографијата ја постави на својот Инстаграм.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Веројатно воопшто не се надеваше дека многумина од неговите следбеници ќе го осудат за расизам и дискриминација.

„Ова е непочитување. Се надевам дека твојот пројател Погба не се согласува со ова. Те молам избриши ја сликата“, беше еден од коментарите.

„Гризман ги сака кошаркарите. Тој не е расист“, гласеше еден од коментарите за поддршка.

Гризман се извини до сите кои се нашле повредени, објасни дека тоа не му било идејата, но сепак ја избриша фотографијата.

Неговиот клупски колега Саул Нигез немаше вакви проблеми – видете како тој се спреми за маскембалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…