Уште еден доказ што се може фудбалот.
Џордан Хендерсон имаше мотив до небото да ја освои Лигата на шампионите – во првиот ред на „Ванда Метрополитано“ седеше неговиот татко кој ја доби битката со ракот на грлото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на лекувањето таткото на Џордан Хендерсон побрал од својот син да не се гледаат додека не помине се. Канцерот бил откриен уште во 2013 година, а Хендерсон неодамна ја отвори душата и прозборе за оваа ситуација.
„Кога таткото ми кажа низ што поминува, станав човек, созреав. Зборував дека фудбалот ми е се, но кога ќе се случи нешто вакво сфаќате дека постојат многу поважни работи. Беше шокантно бидејќи претходно се немав соочено со нешто такво“.
„Горд е и не сакаше да се гледаме. Знаев дека можам да му помогнам на еден начин, да играм одлично секој викенд бидејќи знаев дека секогаш ме гледа. Тоа е поинаков вид на притисок, сакав да играм добро за да му помогнам на мојот татко да оздрави“, изјави Хендерсон.
На крајот му успеа, неговиот татко ја доби битката со тешката болест и сигурно дека бил најгорд кога го видел својот син како капитен го крева трофејот за шампион на Европа.
Henderson’s dad had throat cancer and asked him not to see him while he was going through treatment. I’ve hugged a parent in the same way for similar reasons and this video is definitely the highlight of the season pic.twitter.com/FgSlaYUUdY
— Amol Rajan (@amolrajan) June 2, 2019