Како што пренесува шпанскиот медиум „Диарио Гол“ Реал Мадрид многу веројатно ќе остане без шанса за доведување на една од своите желби.
Ѕвездата на француски Лион, Набил Фекир, ова лето сигурно ќе биде еден од фудбалерите за чиј потпис ќе се борат многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фекир со своите настапи во дресот на Лион го привлече вниманието, а во последно време многу се шпекулира дека би сакал да ја промени средината. Голем интерес за неговите услуги покажуваше Арсенал, но според шпанските медиум тој кариерата ќе ја продолжи во Ла Лига.
Наводно, Реал Мадрид го контактирал Лион и се распрашувал за Фекир, но од играчот стигнал негативен одговор. Според „Диарио Гол“ тој не сака да оди во Реал Мадрид бидејќи има желба да заигра со Лионел Меси во Барселона па спремен е да ја почека понудата од каталонскиот гигант.
Треба да се спомене и дека 24 годишниот фудбалер, неколку пати претходно со своите изјави истакнуваше дека еден ден сака да го носи дресот на Барселона.