Со интересна ситуација се соочи поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона.
Алекс Сонг, човекот кој го носеше дресот на едни од најголемите европски клубови денес настапува за руски Рубин Казан каде што верувале или не добил плата четири месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ открива дека овој фудбалер кој помеѓу останатото настапуваше и за Вест Хем повторно ќе се врати во Англија.
Сонг во август минатата година како слободен фудбалер одлучи да се придружи на тимот на Рубин, а одигра 22 натпревари во дресот на овој клуб кој се наоѓа на 12 позиција на табелата, а во досегашниот дел од првенството успеаа да стигнат само до пет победи.
Фудбал започна да игра во Бастија, за во 2005 година да се пресели во Арсенал. За „топџиите“ одигра 215 натпревари за седум години, во 2012 година премина во Барселона со која ја освои Ла Лига во 2014 година, после што се врати во Англија каде што настапуваше за тимот на Вест Хем.
Сега како што стојат работите, најблиску е до трансфер во Њукасл кој сака да го доведе веќе во јануари.