Џампјеро Вентура одби да поднесе оставка по драматичните 0:0 со Шведска во понеделникот и покрај фактот дека Азурите не успеаа да се пласираат на Светското првенство прв пат по 1958. година.
Вентура го обнови договорот оваа пролет, а потпиша до 2020. година, но под услов Италија да се квалификува на Светско првенство, па така неговиот договор, сепак, истекува во јуни следната година. Меѓутоа, Вентура одби да поднесе оставка, па Фудбалскито сојуз на Италија мораше да го отпушти и сега ќе мора да му го исплатат остатокот од неговиот договор.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Неговиот договор важи до 2018. година, така да како и сите тренери ќе го добие она што му се должи“, изјави Ренцо Оливиери од Асоцијацијата на италијанските тренери.
На Вентура му остнаа уште осум месеци од договорот кој вреди 1,3 милиони евра, што значи дека Фудбалскиот сојуз на Италија му должи уште 866,000 евра. Меѓутоа, „Premium Sport“ објави дека тој износ ќе биде исплатен само доколку Вентура не превземе некој фудбалски клуб до мај следната година.