Англиските клубови вчера еден ден пред почетокот на новата сезона која стартува вечерва со натпреварот од 21:00 часот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер, завршија со засилувањата на своите тимови.
Беше тоа навистина еден од најчудните преодни рокови во Англија, Тотенхем стана првиот клуб уште 2003 година кој не купил ниту еден играч. Манчестер Јунајтед очајнички бараше стопер и не го најде, Мурињо доби „корпа“ од неколку потенцијални кандидати. Челзи доведе нов голман и постави рекорд, го купија и Жоргињо од Наполи, сите не трошеше премногу и онака имаше одличен тим. Ливерпул потроши 180 милиони евра, но најактивните беа „малите“ клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу нив се издвои повратникот Фулам кој од новите играчи може да комплетира комплетно нов стартен тим, а потрошија 114 милиони евра. Заедно со двата други нови прволигаши Кардиф и Вулверхемптон, во овој преоден рок потрошија огромни 214 милиони евра.
Но, приказната на Фулам е навистина посебна. Клубот кој е во сопственост на американско-пакинстакиот милијардер Шахид Кан потроши повеќе отколку сите нови француски, германски, италијански и шпански прволигаши заедно. Клубовите од останатите првенства имаат време да доведат уште некои засилувања, но тешко дека ќе ја достигнат бројката на Фулам.
Клубот од Лондон на Марсеј му плати 31 милион евра за играчот за врска, Андре Ангуис. За 30 милиони пристигна Жан Мишел Сери од Ница, српскиот напаѓач, Александар Митровиќ беше откупен за 20.2 милиони евра.
На Свонси им беше платено 17 милиони евра стоперот Алфиеј Мавсон, за шест пристигна голманот на Бешикташ Фабри, за четири стоперот Максим Ла Марчанд, исто така од Ница. Од Дортмунд за 400.000 евра беше позајмен Андре Шурле.
Од Севиља е позајмен и втор голман, Серхио Рико, од Атлетико напаѓачот Лусијано Вието, од Јунајтед десниот бек, Фосу-Менсах, а од Арсенал стоперот, Калум Чемберс.
Со други зборови кажано српскиот тренер Славиша Јокановиќ од новите играчи би можел да состави комплетно нов стартен тим, единствен кој е сигурен од „старите“ е крилниот играч Рајан Сесењон.