Mинатото лето Лазар Самарџиќ беше пред трансфер во Интер, но тој трансфер пропадна, а сега во јануари повторно се случува пресврт.
Имено, фудбалерот од средниот ред требаше да го облече дресот на Наполи, овој тим дури и го најави трансферот на социјалните мрежи со негова фотографија, но на крајот изгледа нема да се реалзиира.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Самарџиќ во Неапол требаше да биде замена за Елиф Елмас кој се пресели во Лајцпиг. Последните информации говорот дека Самарџиќ на сличен начин како што го извиси Интер, може да го извиси и Наполи.
Дел од италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент бил забележан во просториите на Милан.
Сумата која се најавуваше дека Наполи ќе ја плати за неговите услуги изнесува 25 милиони евра.