Дома Трансфер зона Готово: Фабрегас на чекор од трансфер во Монако!

Готово: Фабрегас на чекор од трансфер во Монако!

Еминентниот француски весник „Екип“ потврди дека Цеск Фабрегас е многу блиску до трансфер во Монако.

Весникот тврди дека сите детали се договорени и дека Фабрегас во наредните денови ќе пристигне во „кнежевството“ на медицински прегледи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанецот ќе потпише договор со Монако до 2022 година и треба да му помогне на Анри да избори опстанок во лигата оваа сезона.

Договорот на Фабрегас со Челзи истекуваше на крајот на сезоната, па Шпанецот ќе си замине шест месеци порано за симболична сума.

За него силен интерес покажуваше и Милан, но плејмејкерот го избра Монако поради одличните односи со Тиери Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…