Дома Фудбал Италија Готово: Тоти после 30 години ја напушта Рома!

Готово: Тоти после 30 години ја напушта Рома!

Тоти одлучил!

Како што пренесуваат италијанските медиуми „Принцот на Рим“ одлучил да го напушти клубот во кој ја помина целата кариера

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, Тоти донел одлука да ја напушти Рома, а во понеделник на конференцијата за новинари ќе ја образложи својата одлука.

Тој наводно во мај размислувал да се повлече, а сега донел конечна одлука.

Не се појавил на состанокот на управата кој првиот човек на клубот Палота го организирал во Лондон минатата недела што било јасен знак.

Тоти наводно не е задоволен од одредени избори кои клубот ги направил и не му се допаднало што клубот се разделил со Масаро, како ни што го ангажирал Петраки.

Извршниот директор Фиенага се обидел да го убеди да остане, но тој веќе одлучил.

Тоти во Рома е од 1989 година кога како 13 годишник пристигна во академијата.
Три години подоцна се приклучи на првиот тим, дебито го запиша на 28-ми март 1993 година кога Вујадин Бошков му даде шанса на само 16 години.

Од играчката кариера се повлече во 2017 година после 786 натпревари и 307 голови. Со Рома освои Серија А, два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија.

Ниту еднаш во кариератан е го промени клубот, а по завршувањето на кариерата стана функционер во клубот, но сега после 30 години ќе го напушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Позната иднината на Давид Де Геа!

Давид Де Геа, еден од најистакнатите голмани на својата генерација, направи ново чекор во …