„Марка“ ексклузивно пренесува дека Диего Симеоне ставил потпис на нов договор и ја продолжил верноста со „јорганџиите“ до 2022 година.
Аргентинскиот тренер ја прифатил понудта на раководството на Атлетико за продолжување на соработката и ќе остане на „Ванда Метропилитано“ до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Симеоне истекуваше во 2020 година, а интерес за неговиот потпис покажуваат неколку европски гиганти.
Поради тоа Атлетико реши да му понуди нов договор, со подобри финансиски услови, а Симеоне се согласил да ја продолжи верноста со шпанскиот клуб.
Симеоне седна на кормилото на Атлетико во 2011 година и од тогаш со голем успех ги води „јорганџиите“.
Marca | #Simeone is close to renew his contract until 2022. pic.twitter.com/KQrHgWCAMn
— Soccer Euro (@soccer_euroEN) January 25, 2019