Преговорите помеѓу Пепе Реина и Милан завршија успешно и шпанскиот голман веќе потпишал преддоговор со „росонерите“.
Договорот на Реина со Наполи истекува на крајот на сезоната, па тој е слободен да преговора со други клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ денес потврди дека трансферот е факт и дека Милан поради коректни односи веќе го известил раководството на Наполи.
Реина потпишал преддоговор со Милан до 2020 година со можност на продолжување на уште една сезона и годишно ќе заработува 3 милиони евра.
Шпанецот се согласил да ја има улогата на втор голман, па неговото доаѓање на „Сан Сиро“ не е поврзано со иднината на Донарума.