Дома Топ вести Готово: Реал утре добива засилување од 80 милиони

Готово: Реал утре добива засилување од 80 милиони

Шпанските и француските медиуми потврдија дека Реал Мадрид и Монако постигнале договор за Орелијан Чуамени.

Чуамени веќе ги договори личните услови со Реал Мадрид, а последните информации се дека Монако ја прифатил понудата од 80 милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Трансферот ќе се реализира утре, кога Чуамени ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

22-годишниот играч за врска во последната сезона запиша 35 натпревари и 3 гола во Лига 1, а веќе има 8 настапи за француската репрезентација.

Французинот моментално е со репрезентацијата, а се очекува утре или најдоцна во вторник да пристигне во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…