Дома Топ вести Готово: Пропаднаа преговорите помеѓу Спортинг и Јунајтед за Фернандеш

Готово: Пропаднаа преговорите помеѓу Спортинг и Јунајтед за Фернандеш

Преговорите помеѓу Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед за трансфер на Бруно Фернандеш и официјално пропаднаа, пренесуваат медиумите на Островот.

Двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, па трансферот на Фернандеш на „Олд Трафорд“ дефинитивно нема да се реализира во јануарскиот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фернандеш постигна комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и беше спремен да се пресели на Островот, но Јунајтед не сака да ја плати бараната сума за обештетување.

Според „Сан“, лисабонскиот клуб за слободата на својата ѕвезда бара 68 милиони фунти, додека Јунајтед најмногу понудил 42,5 милиони фунти плус 8,5 милиони под форма на бонсуи. Од Јунајтед се убедени дека сумата која ја бара Спортиг е нереална, па трансферот на 25-годишниот Португалец нема да се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…